Старлетите им го уништија бракот – Детали од разводот на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ

Моментално не сум во состојба да зборувам и расудувам правилно. Разберете ме, вели фолк пејачот, кој поднесе барање за развод од втората сопруга.
Пред една недела српските медиуми дознаваат дека Аца Лукас се разведува. Со цел да ја сокрие информацијата, тој ги демантираше тие трдења, а неколку дена подоцна поднесе барање за развод! Тој и Соња, со која има ќерка, се разведуваат по седум години врска и пет години брак.

Како што дознаваат српските медиуми, тие одлучиле да се разведат поради се’ почестите расправии, а причината за нив, за многумина неочекувано, се старлетите кои се фалеа дека се блиски со пејачот.
Тоа прво го направи Маца Дискреција, а потоа и Уна Грујиќ.

Нивната последна караница била „последната капка која ја прелеа чашата“. За време на бурната расправија кршеле работи по дома, а потоа Соња преку прозор ги фрлила работите на сопругот, а тој се отселил од нивниот дом.

– Тие се обидуваа да го спасат бракот, бидејќи сакаа нивната ќерка Викторија да расте покрај двата родители. Исто така, се плашеа од судот на јавноста со оглед на тоа што ова е негов трет, а нејзин втор брак. Но, не им успеа- вели извор близок на парот.

Тој додава дека нивниот брак бил на „стаклени нозе“ некое време.

– Се караа, но и се сакаа. Соња му прости за пораките, но не сакаше да помине преку изјавите на старлетите, кои јавно се пофалија со блискоста со нејзиниот маж.

Една од нив, Уна Грујиќ, сега се претстави како невина.

– Лукас ми предложи да дојдам кај него во стан, но јас го одбив, бидејќо не се познаваме доволно добро. Тогаш се создаде фрка, Соња го исфрли од дома. Дури бев и подготвена некој од нив да ме повика после тоа, но тоа не се случи- вели Уна.

– Сигурна сум дека не сум ниту првта ниту последна која Лукас и праќал пораки. Се знаеме неколку години, се имаме среќавано по дискотеки. Се договаравме за деловна соработка, но не дојде до тоа. Потоа ме повика кај него во стан на кафе- вели Уна за „Blic“.

И Маца Дискреција се изјасни за ова тврдење.

– Зошто поради мене би се развел?! Се запознавме, но не бевме заедно- вели старлетата, чија мајка на медиумите им се пофали дека нејзината ќерка била со Лукас.

– Мојата ќерка беше со Аца Лукас. Тој за тоа и’ даде некои пари и и‘ вети дека ќе ја гурне во „Гранд Ѕвезди“- изјави Енеса Хоџиќ неодамна.

Иако сите очекуваа дека тоа прва ќе го направи Соња, сепак Лукас поднесе барање за развод, а како причина ги навел ненадминливи разлики.

- Реклама -