Стајлинг што „говори“: Не умеам да пеам, но затоа пак имам големи гради

Старлетата доби рекордна гледаност, но и лоши критики за нејзиното музичко првенче.

Уште додека учевствуваше во ријалити шоуто „Парови“, босанската старлета Маца Дискреција говореше за плановите да стане пејачка.

Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна „Дискретно“ и ги уништи и најпознатите пејачи со гледаноста на видео спотот.

Сепак, Маца доби бројни критики за нејзиното пеење, но тоа очигледно не и пречи да продолжи да ја остварува целта и повторно да се врати на старата и добра фолк школа – голотијата.

Таа објави фотографија на која во прв план се нејзините гради, и ги запраша своите фанови како им се допаѓа нејзиниот стајлинг.

maca

Прочитај повеќе: Маца Дискреција – ептен недискретна во нејзиниот спот за песната „Дискретно“

- Реклама -