Еве како Северина одговори на жалбата на Милан Поповиќ

Откога ја прекинаа нивната романса, односот на Северина и Милан поповиќ е се полош, а поранешниот вереник на пејачката особено му пречи вниманието на медиумите насочено кон неговиот син.
Додека Севе снима и промовира нови песни и ужива во љубовта со Игор Којиќ, Поповиќ се обрати на премиерот на Хрватска и надлежните институции, кои ги повика да реагираат поради тоа што, како што наведе, „нивниот син Александар живее во реално шoу“.

По тој повод, сега одговоир и пејачката преку својот менаџер Томица Петровиќ.

– Личноста која не сака неговиот син да биде изложен на јавноста не треба да изјавува во интервју за српски весник дека не знае како да му го објасни на детето порно видеото на неговата мајка. Исто така, не треба да ги повикува фотографите да го сликаат додека е во прошетка со детето во град- вели Петровиќ, а пренесува „Jutarnji“.

- Реклама -