Што ја насмеа Јелена Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ вчера ја постигна првата победа на овогодинешниот Ролан Гарос, а најголема поддршка од трибините му ја даде сопругата Јелена.
Српскиот тенисер го совлада Финецот Јарк Ниеминен, а на крајот на мечот ја воодушеви публиката со симпатичен гест.

Во интервју по победата зборуваше на француски јазик, и откри дека зема часови со кои го подобрува знаењето на овој јазик.

– Се надевам дека мојот учител ќе каже дека бев добар- рекол Новак.

Тоа ги насмеа присутните на трибините, особено неговата сопруга Јелена.

- Реклама -