Што велат фановите на Даниел Кајмакоски за вчерашниот настап?

Откако вчера Даниел Кајмакоски не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, најразочарани останаа неговите верни фанови кои редовно го поддржуваат и следат на сите настани и социјалните медиуми.

Во нашата редакција пристигна писмо од групата фанови на Даниел, кои посакаа јавно да ја изразат својата поддршка. Ви го пренесуваме во целост.

„ Ние фановите на Даниел ќе го сакаме и поддржуваме без разлика на се. Горди сме на него бидејќи стигна до тука, застана на таа голема сцена, покажа се што знае и се претстави во најдобро светло. Сите знаеме и јасно ни е дека Евровизија е наместена работа и тоа секогаш ќе биде така. Скршени сме, не поради тоа што не влеговме во финале, туку поради тоа што не сакаме да го гледаме таков. Затоа што ние сме сведоци колку тој се трудеше и колкава желба имаше за на Евровизија, ама тоа е тоа. Тој ќе има многу поголеми успеси од ова, затоа што Евровизија е само обична глупост и политика“, стои во нивната реакција.

Доколку го пропуштивте настапот на Даниел, можете да го видите ТУКА.

- Реклама -