Тој му се заканува на синот на Цеца: Еве што му порача

На Голубовиќ не му се допаѓа фактот што Вељко Ражнатовиќ, наводно, го спомнал во негативен контекст, по неговата борба со Албанецот Агим Абдула.
Кристијан Голубовиќ повторно се обрати на неговата борба против Албанецот Агим Абдула, и тврди дека во тој меч не е поразен. Тој го истура бесот на луѓето кои го критикуваат на социјалните мрежи, но и на синот на Цеца Ражнатовиќ, кој наводно го спомнал во негативен контекст.

Голубовиќ на Фејсбук го напишал следново:

– Не обрнувајте внимание на бедните лаги со кои ме обвинуваат на Фејсбук… бидејќи оние кои ме осудуваат се обични пи*ки кои не смеат тоа да го направат во лице… На нив порано или подоцна ќе им се скрши ‘рбетот поради кажување на секакви лаги. Агим кој ме „победи“ нека се подготвува за реванш а не да им се приклучува на мороните во изјавите, бидејќи ако престанам да го почитувам знае добро што ќе му се случи… ќе му го скршам ‘рбетот надвор од рингот, па нема да може да дојде на реванш- напишал Кристијан, и продолжи:

Foto: Facebook/Zeljko Vasic

– Полицијата ја чека мојата реакција и напад на членовите на дебилското здружение „бисерите на Кристијан Голубовиќ… а мене за глупави луѓе не ми се оди во затвор- туку мудро ја чекам својата прилика- вели Голубовиќ, и додал:

0 Слушнав дека некој го спомнува синот на Светлана Величковиќ Вељко, дека исто така нешто коментирал за мене… ако и тоа е вистина, му порачувам претпазливост бидејќи поради својата почит за неговиот татко нема да му ги истегнам ушите- напишал меѓу останатото српскиот ММА борец.

- Реклама -