Како близнаци- Ова се двојниците на балканските јавни личности

Велат дека секој на светот има барем еден двојник.

Но, кога станува збор за јавните личности од регионот и нивните двојници, често се прашуваме дали се навистина тие или се само обожаватели кои ги имитираат во облекувањето, фризурата, а често одат и „под нож“.

Јелена Розга- Маријана Шморхај

Маријана е хрватка која неодоливо наликува на својата сонародничка. Како што вели, често и на улица поради тоа ѝ приоѓаат луѓе, а некои бараат и автограм.

Новак Ѓоковиќ- Ненад Чокован

Овој млад дечко од Борче познат во пошироката јавност поради неверојатната сличност на првиот рекет во светот. Тој е еден од ретките кој имал прилика да го запознае својот двојник, но и идол. Овој млад човек, исто така, професионално игра фудбал веќе 20 години.

Иван Ивановиќ-Бане Шевиќ

Двојникот на најпопуларниот водител во Србија е пејачот Бане Шевиќ, кој исто така имал прилика да го запознае Иван Ивановиќ. Тој дури му бил домаќин во една од неговите емисии каде го претстави на широката публика, а потоа испеал неколку свои песни.

Ана Николиќ- Вероника Кравчук

Девојката која со својот лик неверојатно потсетува на пејачката, се вика Вероника Кравчук и живее во Москва. Освен што имаат иста градба на тело, имаат иста боја на коса, идентична боја на очи и носат слична фризура, интересно е што овие две имаат многу сличен карактер. А, се разбира имаат и сличен стил на облекување. Разликата е само во тоа што Вероника неколку години е помлада од Ана, но во изглед е одвај забележливо.

- Реклама -