ВИЛИ И ПОСЛУГА Раскошните резиденции на српската естрада

Дел од српските естрадни ѕвезди живеат во раскошни куќи кои понекогаш наликуваат на богатите куќи на холивудските филмови и сериии.

Еве кои од нив живеат висок животе стил.

Куќата на Цеца во Дедиње

Цеца Ражнатовиќ ја наследиа куќата од сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан. Се наоѓа во населбата Дедиње, најелитниот дел на српската престолнина, а речиси и не постои жител на овој град кој не го знае домот на фолк дивата.

Вилата на Цеца е веројантно и најскапата од сите недвижнини кои ги поседуваат пејачите во Србија. Цена на квадрат во овој дел од градот изнесува и до 1.600 евра.

Освен белградскиот дом, Цеца поседува и импозантна куќа на Кипар, во местото Аја Напа, речиси до самото море. Освен обезбедување, фолк ѕвездата има и послуга, а бидејќи готвењето не ѝ е никакво задоволство, за Цеца готви жена која е платена за тоа.

Куќата на Лепа Брена

Лепа Брена живее во населбата Бежанинска коса во познатата „карингтонка“, каква што има и нејзиниот најблизок соработник и кум Саша Поповиќ, како и Драган Којиќ Кеба. Куќата на фолк дивата има и простран двор во кој е изграден уште еден голем станбен објект каде Брена и сопругот Бобо и нивните сонови прават големи приватни забави.

Познатата двојка поседуваат и луксузен имот во Мајами за кој се издвоени 950.000 долари, по налог на нивниот венчан кум Џон Шириак, поранешен руски тенисер, а денес голем бизнисмен и милионер. Тој има добро око за недвижнини па им препорачал да купат и стан во Монте Карло на најскапата улица, Грејс авенија, каде што живее и Новак Ѓоковиќ.

Саша Поповиќ

До Лепа Брена живее Саша Поповиќ. Тој живее во идентична куќа како и неговата бизнис партнерка Брена. Поповиќ живее со сопругата Сузана, ќерката Александра и Даниел, синот на Сузана од првиот брак, кој Саша го гледа како свое дете.

Здравко Чолиќ во вила на Кошутњак

Од елитната населба Мачков камен на Дедиње, Здравко Чолиќ во 2010 година се преселил во вила на Кошутњак.

Балканската ѕвезда, како што пишуваат медиумите, платил 850.000 евра. Чолиќ се определил за оваа куќа затоа што за него, енговата сопруга Садра и ќерката Уна и Лара нуди целосен мир и бегство од градската врева, а и на пејачот му овозможува рекреација во шумата во близина.

Сека Алексиќ во изолирана палата

Сека Алексиќ ја пронашла својата оаза во околината на Сремска Митровица каде изградила куќа од 300 квадратни метри на имот со површина од педесет хектари и е оградена со ѕидови.

Пред куќата пејачката направила базен во кој поминува многу време преку лето, а во куќата има и теретана, фризерски и козметички салон, како и простор за кучињата.

Сека во истиот двор има и голема гаража за неколку автомобили, а има и обезбедување. Мебелот за својот дом фолкерката го избрала многу внимателно и со цел просторот да биде декориран со добар вкус.

- Реклама -