Шест часа до небо: Направен е документарен филм за Тоше Проески (ВИДЕО)

Тој ден Балканот го разбуди шокантна вест…
Тоше Проески, една од најголемите музички ѕвезди во Македонија, Балканот и пошироко, почина на 17 октомври 2007 година, а сега е снимен документарен филм посветен на него. Филмот ја следи приказната за неговиот живот, успех и трагедија.

Многу негови обожаватели беа убедени дека тоа е само една лоша шега, но кога се појавија првите фотографии од смачканиот џип со потписот „Тоше“, сите надежи за тоа исчезнаа.

Tog dana Balkan je probudila šokantna vijest (Foto: Marko Prpic/PIXSELL)

Љубовта кон музиката и песната биле присутни во неговиот живот уште од детството. Првиот настап пред публика Тоше го имаше на 11 години на детскиот фестивал „Златно славејче“.

По неколку години неговиот талент го препознава еден од најпознатите македонски композитори Глигор Копров. Со него има снимено три песни, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“ и „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ кои станаа едни од најголемите хитови во Македонија.

Сè му се остваруваше многу побрзо од што и самиот очекуваше. Во периодот од 1999 до 2002 година, Проески издаде два албуми кои им го привлекоа вниманието на јавноста и медиумите.

Стана редовен гостин во најпопуларните телевизиски емисии.

Неговиот музички талент станува препознатлив и во останатите балкански земји, а неговата кариера се искачуваше само нагоре.

– Се сеќавам кога прв пат го видов на телевизија, мислам дека тоа беше едeн од неговите спотови. Бев фасциниран од таа енергија, таа едноставност на начинот на кој тој сето тоа го изведува, колку фантастично пее и колку сака тоа да го прави- вели Дино Мерлин, како дел од соговорниците во овој документрен филм.

- Реклама -