Ги закопаа секирите: Се смирија Гога и Цеца

Двете пејачки се смириле на роденденската прослава на еден заеднички пријател, а кога се сретнале, Гога и Цеца се извиниле една на друга без ничија иницијатива, пишуваат српските медиуми.
– На роденденската прослава прва пристигна Гога, а потоа Цеца. Се сретнале случајно, а ако се суди според нивните реакции, никој не би рекол дека некогаш се карале. Се бакнале и разговарале како најдобри пријателки- вели извор за „Blic“.

Колку за потсетување, Гога и Цеца не разговарале речиси една година, за кое Гога јавно говорела неколку пати во српските медиуми.

- Реклама -