Вака Сека Алексиќ си помина во омилениот хотел на српскиот џет-сет

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ ја искористила втората половина на јануари за да се одмори од бројните настапи на кои ја промовираше хит песната „Chivas“.
Веднаш потоа, Сека ги спакувала куферите и во друштво на сопругот Вељко и пријателите отпатувала во Италија, и кај роднини во Доломит.

Неколку дена поминати на свеж планински воздух биле одличен почеток за активниот одмор кој следел.

Пејачката и нејзиниот сопруг деновите ги поминувале скијајќи, додека вечерите биле резервирани за дружење со пријателите покрај камин и италијански вина.

Остатокот од одморот Сека го поминала во најпознатиот ресорт во Будимпешта Aquaworld, а омилениот хотел на Сека ѝ дошол како мелем на рана за да се ослободи од болното воспаление во мускулите кои ги од скијањето.

Дел од одморот таа го поминала работно, со краторката Амина Хасанбеговиќ чии креации ја воодушевуваат Сека, но и нејзините бројни фанови.

- Реклама -