СЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е МНОГУ БОЛНА: Луѓе блиски на Брена открија сè. Еве што всушност се случува со пејачката!

Лепа Брена минатото лето за време на одморот ги скриши и двете раце, а на 1-ви јануари оваа година паднала по скали и го скрши лактот, по кое се појавија шпекулации дека можеби пејачката страда од остеопороза.
Иако и самата Брена изјавила дека овие повреди се случиле случајно, поединци давале изјави дека една од најголемите балкански ѕвезди боледува од губење на коскената маса, по кое се изјасни и нејзината ПР служба:

„По повод шпекулациите во медиумите дека на Лепа Брена ѝ се заканува остеопороза, мораме да кажеме дека таа убаво заздравува, со оглед на тоа што на десната рака има гипс. Сакаме да нагласиме дека фолк ѕвездата е одговорна кон своето здравје и мирува во Тајланд. Ви благодариме уште еднаш на загриженоста“, пишува во соопштението.

64896_thumb460_64508_1brena

Пејачката се изјави на социјалната мрежа Твитер набрзо откако ја санира последната повреда, скршениот лакт на десната рака:

„Ќе бидам уште посилна кога ќе излезам од овој проблем! За себе, моето семејство и за вас! Ве сакам сите многу!“

- Реклама -