Гаф во емисијата на Вучиќ: „Како се вика братот на сопругата?“

Драган Вучиќ е присутен на македонските телевизиски екрани веќе години наназад. Во моментов е актуелен со интерактивниот квиз „Брзи коцки“ кој се емитува на ТВ Алфа. Но, како и во секоја емисија која вклучува телефонски повици во програма во живо, неизбежни се и смешните ситуации и гафови, во овој случај од страна на јавувачот.

Едноставното прашање „Како се вика братот на сопругата?“, гледачот Рамиз го сфати премногу лично. За волја на вистината, ниту Вучиќ не успеа да најде соодветен начин за да го пренасочи на „правилен пат“, па резултатот е комично видео од целиот телефонски повик. Погледнете сами за што зборуваме во видеото подолу.

- Реклама -