Oва е песната што ќе не претставува на Евровизија во Австрија (видео)

Даниел Кајмакоски со песната „Лисја есенски“е човекот кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Австрија, во мај 2015.

Тој со најмногу гласови од публиката и второ место од страна на стручното жири го доби билетот и „лапна“ 20.000 евра на овогодинешниот Скопски фестивал.

Второто место отиде кај Тамара, со песната „Брод што тоне“, која беше апсолутен победник од страна на стручното жири, но заврши на третото место според телевоутингот.

Додека на третата позиција се најде Евгенија Чанчалова со песната „Да не те сакам“.

Во продолжение слушнете го победникот.

- Реклама -