Неда Украден е во врска со 40 години помлад дечко

Неда Украден (64) уште еднаш докажа дека љубовта не брои години.

Српските медиуми пишуват дека пејачката неколку месеци е во страсна врска со 40 години помлад дечко. Упатени во љубовниот живот на Неда тврдат дека никогаш не била посреќна и позадоволна, а новата љубов и е мотивот значително да се подмлади.

– Откако се појави во подвездици на тв, на Неда и се додворуваат значително млади мажи. Меѓутоа, еден веќе ја има освоено. Неда со 40 години помладиот дечко се гледа во слободно време и на неа се гледа колку многу и одговара оваа врска. Постојано е насмеана и расположена. Годините не им се никаков проблем, ниту пак ги споменуваат. За сега се трудат да ја сокријат врската, вели извор за српскиот „Ало“.

Она што исто така е неспорно е тоа што Неда многу се подмлади во последно време, а имитацијата на Бијонсе во шоуто ТЛЗП покажа дека може да им конкурира на многу помлади жени во изгледот.

Дека е тоа воочија многу млади мажи, кои и се додворуваат, но Неда за сега не гледа подалеку од своето „пиле“. Четири децении разлика за неа не е препрека.

Што вели Неда на ова?

„ Моите врсници се окупирани со девојки од 20 години, па мене ми преостануваат само младите момци. Секогаш истакнувам дека е важно човек да има млад дух, а изводот не е важен. Ми одговата што интересирам многу помлади мажи од мене“, вели Неда на прашањето во врска со овие информации.

- Реклама -