Марија Шерифовиќ повторно на Евровизија?

Единствената српска евровизиска победничка по седум години можеби повторно да ја претставува својата земја на овој фестивал.
Како што пренесува српскиот „Blic“, на најголемото европско музичко натпреварување, кое во 2015 година ќе се оддржи во Виена, српскиот претставник може да биде или Марија Шерифовиќ или Адил Максутовиќ.

Случајно или не, Марија Шерифовиќ на својот Твитер профил неодамна објавила интересен статус. „А да одам на таа Евровизија да победам уште еднаш“, напишала пејачката.

Со оглед на тоа дека Марија се отселила во Америка, се уште овие информации не се официјално потврдени.

- Реклама -