Цеца ја „олади“ Јелена Карлеуша

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ целосно го игнорирала предизвиот кој ѝ го постави вечната ривалка и колешка Јелена Карлеуша, и во рок од 24 часа не се полеа со вода.

Никој не очекувал дека за оваа добротворна акција за помош на заболените на ASL, Јелена ќе ја предизвика баш Цеца.

– Ги номинирам, според мое скромно мислење, идниот претседател Ивица Дачиќ, Светлана Ражнатовиќ, иако сум сигурна дека нема да го прифати, и својот сопруг Душко Тошиќ- рекла Карлеуша на аеродромот „Никола Тесла“ по враќањето од Босна и се полила со ладна вода.

Нејзината претпоставка е точна, откако во изминатите 24 часа, колку што всушност трае предизвикот, било јасно дека Цеца ја игнорирала Јелена и нема да одговори на истиот.

- Реклама -