Наташа Беквалац уапсена на Ибица

Поп ѕвездата Наташа Беквалац отпатувала на Ибица,со цел да сними кадри за спотот на новата песна, а уште првиот ден доживеала голема непријатност.

Таа била приведена од страна на полицијата, бидејќи снимала на недозволени површини.

Имено, пакачката имала голема желба да снима на ликации на кои што не било дозволено снимање, па полицијата во истиот момент ја одвела во полициската станица, а потоа ја пуштила на слобода.

– Таа доби дозвола да снима спот на одредени локации, но неа и се допадна еден дел од Ибица, за кој што немаше дозвола, па инсистираше таму да сними поединечни кадри. Одеднаш полиција ја опколи целата екипа, вели извот кој што се нашол на лице место и додава дека и земале изјава, па потоа ја пуштиле на слобода.

- Реклама -