Наташа Беквалац била пренесена итно во болница

Наташа Беквалац во последно време имаше многу проблеми, па нејзиното здравје било сериозно нарушено.

Таа  се вратила од Црна Гора во многу тешка состојба, со огромни болки во стомакот и желудникот, па нејзините најблиски  веднаш ја однеле на една приватна клиника.

– Освен на болки во желудникот, Наташа се жалела дека има нагон за повраќање, што доплнително ја исцрпело. Мачнините во стомакот целосно ја парализирале, што дури не можела да се исправи – изјавил близок извор на пејачката и додал дека докторите кога ја виделе во каква состојба се наоѓа и наредиле повеќе да возди грижа за своето здравје.

По прегледот и утврдиле дека има оштетена слузница на желудникот поради која и проработел чирот, но за среќа не и пукнал бидејќи бил во почетна фаза на заболување. Докторите ја посоетувале пејачката да не се нервира, редовно да јаде и повеќе да се одмара.

Наташа во моментот е на инфузија.

- Реклама -