Цеца и нејзините деца живеат како во реално шоу

Вереницата на синот на Цеца, Маша Терезиќ на раката ја истетовиралапрвата буква од името на  својот вереник Вељко, а нејзиниот брат Константин за ќерката на Цеца ги прекинал сите паралелни врски кои до пред некое време ги одржувал со повеќе девојки.

Љубовната сапуница на познатото семејство станува се повеќе интересна, а љубовта на наследниците на Цеца со децата на Ѕвездан Терезиќ се одигрува пред очите на целата балканска јавност, налик на реално шоу.

Долгогодишното пријателство на двете семејства од крајот на минатата година започна да добива поинаков облик, па така денес нивните деца уживаат во својата љубов.

Маша вчера се пофали со тетоважа на левата рака, која му ја посвети на својот дечко Вељко.

Фолк ѕвездата не се меша во изборот на своите деца, но нивните моментални партнери ги прифаќа со задоволство, а воглавно и престојуваат во нејзината куќа.

- Реклама -