Скандал: Цеца е негативец, треба да скапува во затвор, а не да пее!

На интернет се појави петиција која повикува на забрана да настапи Светлана Ражнатовиќ на „Tamburica“ фестивалот на Петроварадинската тврдина.
Дел од граѓаните на Нови Сад започнаа петиција против најавениот настап на Цеца на „Tamburica“ фестивалот кој ќе се оддржи на 28-ми јуни на Петроварадинската тврдина. на Фејсбук веднаш е направена група „Стоп за Цеца на Тврдина“, а во текстот објавен на социјалната мрежа вели:

– Цеца е вдовица на воен злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан. Таа со него одеше по логори за време на деведесеттите години и учествуваше во неговиот „бизнис“, а по неговата смрт и целосно го превземала. Со своите песни учестуваше во пропагандата машинерија која целеше луѓето да ги држи во воена кома, со сеење страв- пишува во дел од текстот.

Фолк ѕвездата е индиректно обвинета за прогон на населението од Војводина за време на деведесеттите и се поставува прашањето зошто е повикана да пее на фестивалот.

– Војводина отсекогаш била мултикултурна средина, а поради таквите како што се Аркан и неговата пејачка протераа многу жители на Војводина во деведесетитте, некои и на сила- стои во петицијата, досега потпишана од околу две илјади луѓе.

- Реклама -