Атрактивна Македонка ќе глуми во “Fast & Furious 7” (ВИДЕО)

Македонската убавица Теодора Колевска ќе глуми во најновиот филм “Fast & Furious 7”.

Како што пренесуваат медиумите, оваа атрактивна манекенка од Скопје била контактирана од нејзината агенција, која и соопштила дека треба да се појави на кастингот за ова популарно остварување.

Во изборот лично учествувал еден од главните актери Вин Дизел, кој од многуте девојки, одлучил дека главната улога треба да ја толкува токму нашата Теодора.

Убавата манекенка изјавила дека не може да верува дека ќе глуми во овој блокбастер.

– Делот во кој јас глумам е веќе снимен, и да бидам искрена, едвај чекам да излезе филмот. Ни во сон не можев да замислам дека еден ден ќе се најдам на овој популарен филм- рекла Теодора, која веќе четири години живее во Дубаи.

Да потцетиме, седмото продолжение на филмот “Fast & Furious” премиерно ќе биде прикажан на 10-ти април 2015 година, а како што пренесуваат светските медиуми, ликот на Брајан О’Конор (кој го играше покојниот Пол Вокер), ќе биде наводно пензиониран.

Погледнете го трејлерот за филмот “Fast & Furious 7”:

- Реклама -