Поранешната сопруга Александра: Боро, нека ти е среќно со новата девојка

Популарниот музичар го заврши бракот со неговата 28 години помлада сопруга и има нова избраничка, а Александра му посакува успех во новата љубов.
– Вистина е дека се разведовме. Тоа не е ништо чудно, луѓето секојдневно се разведуваат. Нема потреба да се зборува повеќе за тоа- рекла Александра за српските медиуми, не оставајќи впечаток на повредена поранешна сопруга.

– На Бора му посакувам само најдобро и многу среќа со новата девојка- додала таа.

Некогашната инспирација на познатиот рокер, на која ги посветил баладите од претходниот албум, меѓу кои и „Минута со неа“, изгледа дека исчезнала. Иако е веќе во седмата деценија од животот, Бора живее како млад човек, па набрзо нашол нова девојка која живее во Словенија.

- Реклама -