Тамара: Никој не ми се додворува по „X Faktor“

Еден од финалистите на „X Faktor“ Тамара Милановиќ откри дека по овој музички натпревар, нејзе никој не ѝ пристапува.
Во интервју за српскиот сајт „Blic“ Тамара тврди дека се уште не ги искусила лошите работи од јавната работа.
– Немаше непристојни понуди. Имам многу фанови, но мувања и слични работи нема- вели таа.

– Не е хаотично како за време на натпреварот, но ми одговара сè што се случува. Ми беше многу непријатно пред „X Faktor“, затоа што не знаев како ќе заврши натпреварот и, кога на крај завршив втора, влоговите се зголемија.

На прашањето: „Дали мислите дека треба да најдете постабилна работа од пеењето?“, таа одговара:

– Факултет за организациони науки секогаш ми бил на прво место и тоа ми е многу важно за да се чувствувам корисно. Не работев строго во професијата, но се надевам дека еден ден ќе најдам стабилна работа.

А, на тоа што мислат нејзините пријатели, после сето ова, таа вели:

– На почетокот на „X Faktor“ беше најлошо, ми недостасуваа, но како што се ближеше крајот, се враќав во нормала.

- Реклама -