Наташа Беквалац наместо Емина во „X faktor“

Организаторите на музичкиот натпревар веќе се во преговори со пејачката која ќе се најде во жирито на втората сезона на тој натпревар.
Како што дознаваат српските медиуми, Наташа би требало да ја замени Емина.

Интересно е дека атрактивната Беквалац уште во првата сезона требала да биде судија во овој натпревар, но организаторите на крајот се одлучиле за Емина. Музичкиот продуцент на овој натпревар Мирко Вукомановиќ вели дека не е исклучена можноста Наташа да биде меѓу судиите на популарното шоу.

– Моментално сме зафатени со обврски околу првата сезона и договорите со конкурентите.

– Во наредниот месец дена ќе ве известиме за сè поврзано со втората сезона. Што се однесува до Наташа Беквалац и нејзините ангажмани, сè е можно. Таа е наша драга колешка и веќе беше гостина во првата сезона- изјавил Мирко.

И самата пејачка ги потврдила сознанијата дека е во игра за нов судија.

– Имаше разговори и предлози, но ништо не е прецизирано. Секако дека би сакала да бидам дела од такво шоу- рекла Наташа.

Наводно, тие се толку многу скарани што немаат ни „Здраво“!

- Реклама -