Кики Лесендриќ бил итно пренесен во болница

Кики Лесендриќ фронтменот на „Пилоти“, периодов познат како актуелниот судија од „ X Factor“, завршил во болница, откако се онесвестил додека работел“.

Како што дознава „Ало“, Лесендриќ бил во студиото со својот бенд, и во еден момент почувствувал малаксаност и вртоглавица, по што паднал во несвест. Неговите колеги брзо реагирале и тој бил пренесен во болница.

– Кики ептен се исплаши. Се беше стресно бидејќи работевме со полна пареа  и немаше никакви знаци дека ќе му се слоши. Одеднаш само се сруши и повикавме брза помош. Брзата помош не можеше да пристигне веднаш, па го однесовме сами и беше здржан неколку часа, раскажува извор кој се нашол на лице место.

Било воспоставено дека пејачот страда од хроничен замор и исцрпеност и низок притисок.

– Здравствената состојба на Кики е загрозена овие денови, бидејќи тој напорно работи за престојните концерти и буквално нема време да се одмори“,. додава изворот.

Лесендриќ  за сево ова изјави дека се чувствува подобро и дека несреќата е последица намногу замор.

- Реклама -