Емина се појави со коментар за појавувањето на Илма во финалето

Реално сите бевме пријатно изненадени кога ја видовме Илма во бекстејџот, по бројните скандали кои се појавија по нејзиното излегување од шоуто, непосредно пред финалето.

Има на својот фб му ја честиташе победата на Кајмакоски, а за нејзиното доаѓање во белград изјави:

„ Среќна сум што добив повик да бидам тука. Бев многу разочарана, но сега впечатоците легнаа и се е во ред. Се видов и со Емина, но не се поздравивме“, изјави Илма.

Потоа се појави и Емина со свое мислење во врска со присуството на талентираната Илма:
„ Се согласувам дека Илма и Даниел се подеднакво квалитетни вокали и дека таа е во рангот на Селин Дион, Витни Хјустон итн. Но, мислам дека таа за нејзините години треба да расте со своите врсници и емотивно да созрее за да може да поднесе се. Оваа работа не е само она што го гледаме овде, овој сјај и конфети. Зад оваа работа постојат многу одговорности: мора да се обезбеди тим на стабилни луѓе. Ние за овие деца се грижевме и се боревме. Тие сега треба да бидат препуштени самите на себе си и нема да им биде лесно да ја продолжат својата кариера. Но, доколку Илма ми се обрати секако дека ќе бидам тука за неа, како и за сите“, изјави Емина.

Илма беше многу погодена од нејзиниот последен настап во X factor, кога судиите решија да го задржат Маид, а Емина како аргумент во одлуката ги спомена нејзините години. Илма веднаш по оваа одлука го напушти Белград, а не се ни појави на закажаниот конецрт на Кики Лесендриќ, каде што беше најавена како гостинка. Кики за целата ситуација ги обвини нејзините родители.

- Реклама -