Карлеуша не сака да и плати на Цеца 200.000 динари

Иако уште во септември минатата година, Светлана Ражњатовиќ го победи спорот со Јелена на Високиот суд, таа сеуште не ја платила казната за клевета, а веќе поднела жалба до Апелациониот суд.

Цеца изјавила дека нема што повеќе да каже на оваа тема.

– Судот го кажа своето. Им приложив сметка на домот за деца без родители во Жеванска улица и реков тие 200.000 динари да одат директно кај нив- единствено изјавила Цеца.

Се започна кога Јелена Карлеуша во декември 2010 година во отворено писмо на Фејсбук ја навредувала Цеца и изјавила серија невистини на нејзина сметка. Карлеуша на судењето истакна дека стои зад секој збор во отвореното писмо испратено до Цеца. Откога Цеца Ражњатовиќ поднесе тужба за клевета против Јелена Карлеуша за навреда на нејзиното семејство поминале 39 месеци.

Иако Ражњатовиќ повеќе од една деценија трпела вакви слични навреди од колегите, ова е прв пат да превземе ваков чекор, бидејќи, како што навела на судот, Карлеуша овој пат го навредила целото семејство.

Цеца потоа изјавила пред судијата дека нејзините деца биле многу повредени од начинот на кој е напишано писмото за нивната мајка и покојниот татко и истакнала дека и порано трпела вакви навреди, но таа никогаш, на било кој начин одговорила на истите.

По речиси три години, во септември 2013 година Високиот суд во Белград пресуди во корист на Цеца, ја осуди Карлеуша на клевета и наложил таа да исплати на Цеца 200.000 динари, и да ги плати судските трошоци во износ од 70.000 дианри.

Јелена поднесе жалба до Апелациониот суд за жалба. – По одлуката на Апелациониот суд за жалба, ќе се постапи во согласност со извршниот процес- изјавил адвокатот на Цеца.

- Реклама -