Илма ја проколна Емина, а потоа напиша дека не мислела ништо лошо

Талентираната Илма Карахмет го напушти X factor на само еден чекор пред финалето, а петицијата за нејзиното враќање на Фејсбук собра дури 10.000 фанови.

Откако Емина го имаше последниот збор и беше клучна за оваа одлука таа на својот фб напиша дека е претерано млада за да продолжи понатаму, но нејзиното реме допрва доаѓа.

Илма  остро реагираше на нејзиниот коментар, со зборовите: „Ти благодарам Емина, имаш свои деца и да даде Бог да те усреќат исто како што ме усреќи ти мене“.

На коментарот  на Илма, Јаховиќ само го смени статусот на својот профил во „разочарана.“

kletva

И Кристина Ковач беше шокирана поради коментарот на Илма, па на свјот профил напиша:

-За сега добро поминав, изгледа….лудило…. дете да колне други деца, напиша Ковач на Фејсбук.

Потоа се јави и таткото на Илма

-Шокиран сум поради неправдата. Самите видовте. Илма не беше исфрлена поради пеењето, туку поради годините. Меѓутоа, ако според правилата, дете со 13 години доби одобрение да учествува, зошто не би имало право и да се пласира во финалето?, коментираше нејзиниот татко, Џенан Карахмет.

По бројните коментари во медиумите за колнењето на Илма, таа напиша дека не мислела ништо лошо.

„Не знам зошто дојде до толкава збрка на сите портали поради мојот коментар на статусот на Емина. Ништо лошо не мислев, само сакам да кажам дека ми ги сруши сништата со својата одлука, но јас неа и понатаму ја почитувам, како и останатите членови на жирито и сите останати постари од мене. Толку…“!

ilma pravdanje

После сево ова, во едно телевизиско интервју, Илма изјави:

– На „Икс-фактор“ сѐ стана можно – да испаднат најдобрите, а најлошите да победат. Не мислам лично за мене, навистина, доста добри кандидати испаднаа, а голем број од тие што се лоши продолжија понатаму. Јас веќе реков дека сум задоволна со тоа што го постигнав – завршува таа.

Потребно е некој да ја посоветува дека ова се малку лоши потези за нејзината кариера во иднина. Сепак,   фановите не треба да и замерат бидејќи сите ние сме реагирале бурно кога за прв пат во животот сме почувствувале голема неправда, без тактизирање, без лицемерие, искрено и разочарано…

 

- Реклама -