Генијален потег – прослави победа цел круг порано (видео)

Дека мотоциклизмот е нешто повеќе и од желба за чуствување на брзините, на најтрагикомичен начин покажа Италијанецот Рикардо Русо кој почна да слави своја победа малку порано.

Уште само неколку метри и готово е, веројатно помисли италијанскиот мотоциклист пред влегувањето во целната рамнина на трката Stock 600. Но, очигледно се прелажа…

Италијанецот почна да слави цел еден круг пред крајот на трката, се радуваше, отпоздравуваше кон публиката, само што заборави нешто – натпреварот не беше завршен.

{youtube}6iwnnE12HCM{/youtube}

Изгубениот Русо додека славеше сам со себе, несвесен за глупоста која ја направи, дозволи да го престигнат конкурентите и на крајот да заврши како 14-ти…

„Да бидам искрен се прашував каде сите брзаат сега толку. Знам дека испаднав магаре, но тоа е тоа. Откако сфатив што направив веќе беше доцна“ истакна по трката разочараниот Русо.

- Реклама -