Раде Шербеџија ќе глуми русин во популарната серија ‘Downton Abbey’

На телевизиското семејство Кроули во петтата сезона ќе им се придружи и Раде Шербеџија. И како по обичај, ќе глуми русин.

Познатиот хрватски актер Раде Шербеџија ќе глуми во петтата сезона на глобално популарната серија ‘Downton Abbey’, објавила продуценската куќа Carnival Films, која е една од најсилните во моментов.

Раде ќе глуми руски бегалец (зарем се сомневавте?) кој бега од својата земја по Руската револуција, а освен тоа, на семејтвото Кроули ќе се придружи и Ричард Е. Грант во улога на Симот Брикер и Ана Чанселор во улога на Лејди Анструтер.

Петтата сезона ‘Downton Abbey’ повторно ќе има 8 епизоди.

- Реклама -