Најемотивниот X Faktor до сега! (ВИДЕО)

Шоу-програмата “X Faktor“ до сега го одбележа и многу емотивни моменти.
Во дуелот во петтата епизода ја гледавме женската група „4U“ и младиот Харис Чато кој многу емотивно го доживеа дуелот, и само неговите солзи можевме да ги видиме пред прогласувањето на резултатите.

По завршувањето на „песна за спас“ и изедначениот гласови на жирито, гледачите одлучија, натпреварот да го напуштат шармантните девојки од групата „4U“!

Девојките беа многу тажни, а зад сцената беше најемотивно до сега. Овој пат видовме и машки солзи, Урош не можеше да ги воздржи емоциите.

„Јас неможам да верувам што се случува!“- рекол Урош по прогласувањето на резултатите. Тамара Милановиќ, исти така, емотивно ја доживеа оваа вечер, бидејќи на овој натправар повеќе нема да ја бодри својата најдобра пријателка Вања.

„Многу сум тажна и разочарана, мислам дека не требаше да испаднат! Вања е моја најдобра пријателка овде и многу ќе ми недостига!“- коментирала расплаканата Тамара, додека девојките по завршувањето на епизодата рекоа: „Жал ни е, не можеме да се смириме, но особено поради нашите пријатели! Многу се поврзавме едни со други и жал ни е дека повеќе нема да можеме да се дружиме! Секако, продолжуваме со нашата приказна, ние веруваме дека наскоро ќе снимиме и песна за сите наши фанови кои не поддржуваа! Благодариме и на нашата менторка!“

Во оваа епизода, спрецијален гостин беше шветската поп-пејачка Лорин, која победи на „Евровизија„ во 2012 година.

- Реклама -