Нина Бадриќ: Не ја препознав Ким Кардашијан, многу е поситна во живо

Балканската ѕвезда Нина Бадриќ се појави минатата недела на модната недела во Париз, каде меѓу останатите се сретна и со познатата старлета Ким Кардашијан, која што не ја препознала на прв поглед.
Нина раскажа како седела во првиот ред на ревијата, благодарение на своите пријатели кои ја повикале.

За време на престојувањето, Нина имала можност да се запознае со познатата старлета Ким Кардашијан.

„ На една од ревиите дојде Ким, седеше спроти нас. Не ја препознав. Само погледнав една преубава жена во првиот ред. Многу е ситна и премногу е убава“, вели пејачката.

Таа додаде и дека би била многу среќна кога би имала облини како оние на Ким.

- Реклама -