Даниел Кајмакоски е главниот фаворит за победа во Х Фактор

Доколку не се случи нешто што целосно ќе го промени мислењето на публиката, Даниел Кајмакоски ќе биде победникот на првото издание на балканскиот „Х Фактор“, дознаваат медиумите од извор близок на продукцијата.

– Даниел во досегашните емисии освојуваше неверојатни 60 проценти од сите поднесени гласови, додека останатите учесници ги делеле останатите 40 проценти. На овој однос во гласовите не влијаело ни тоа дека секоја недела има се помалку учесници. Ако тој не направи нешто што целосно ќе го смени мислењето на публиката, мислам дека неговиот пат до победа во финалето ќе биде прилично лесно. Невозможно е да се замисли што другите треба да направат за да ја надокнадат разликата во гласовите, па речиси е сигурно дека сега е се на него и дека единствено само сам на себе може да си наштети- вели изворот.

Продуцентите на „Х Фактор“ не сакле да коментираат, а финалето на првиот „Х Фактор“ ќе биде одржано во февруари во Комбанк арената, а победниците ќе освојат турнеја, издание за „City records“ и „Sony music“, два видео спота, ПР поддршка, автомобилл и парична награда.

- Реклама -