Александра Ковач оди на Бродвеј

Александра Ковач и нејзиниот партнер Роман Горшек се автори на музиката за новата претстава на младата режисерка Сања Бештиќ, која премиерно ќе биде изведена на познатиот Бродвеј.
Откако се здоби со одлични критики за една дело на Никола Тесла, Сања спрема драма „Џеки и Мерилин“, која ги открива тајните на жените кои, секоја на свој начин, го освоија американскиот претседател Џон Кенеди. Премиерата ќе биде на 19-ти април во срцето на театарксата област на Тајм Сквер.

– „Џеки и Мерилин“ ја напиша Шери Грауберт и има добиено бројни награди, и со неа соработувам по втор пат. Среќна сум што Александра и Роман ја пишуваат и компонираат музиката за мојата претстава и што ќе се приклучат на мојот одличен обработен тим- изјавува младата режисерка.

Џеки Кенеди во својата постава ја игра актерка со австралиско потекло Рејчел Барер, а Мерилин Монро е Лела Сати, канаѓанка со југословенско-француско потекло.

Заедно со оваа претстава Сања Бештиќ снима ТВ-серија „Catch 30“ и го завршува романот „Во шест раце“ со Давид Албахари и Марко Селиќ Марсел.

- Реклама -