Боки 13 ќе ја испрати 2013-та

 

Македонскиот шоумен, кој го подготвува големиот Mystic project, ќе настапува на новогодишната ноќ во Скопје.

Бојан Јовановски после 5 години, конечно повторно ќе ја поздрави македонската публика, а неговите фанови ќе можат да уживаат во неговиот настап во хотелот Bella во Скопје.

Македонскиот шоумен вети луда забава, а настапот ќе се случува во живо со бенд, танчери, а пред полноќ ќе има и огномет. Боки 13 за својот новогодишен концерт ќе има посебен стајлинг со ѕвезда на главата.

„ Додека сите гледаат ѕвезди само на небото, јас имам своја на главата. Има симболика Боки 13, ја испраќа баксузната 2013“, вели Јовановски, пишува српски Курир.

Потсетуваме, Боки го најави својот „Mystic project“, кој ќе се реализира во наредните неколку години. Станува збор за реално шоу и музички албум за светскиот пазар на три јазици – српски, англиски и турски, а фотографиите од новогодишниот концерт ќе се користат и за оваа прилика.

- Реклама -