Жељко Митровиќ ја „шутна“ Карлеуша од Пинк

Јелена Карлеуша ги надмина сите граници.

ЈК е забранета на Пинк затоа што во утринска програма го навредила портпаролот на розовата телевизија, што премногу го разлути сопственикот на оваа медиумска куќа Жељко Митровиќ, па реши дека повеќе не сака да ја види во своја програма, објави српски Курир.

Пејачката гостуваше кај Миња Милетиќ каде што беа објавени снимки од нејзиниот концерт на Ушче. Таа повторно ги изнесе нејзините тврдења за бројот на публиката.

„За мене се пишуваа најразлични лаги, еве и ПР-от на мојата матична куќа Дарко Поповиќ на својот Твитер профил напиша дека кај мене на концерт биле 3 800 луѓе“, рекла Карлеуша. А што точно рекла и како го навредила Поповиќ не и е познато на јавноста. Тоа што се знае дека е забранета било каква информација поврзана со неа да се емитува на Пинк.

 

- Реклама -