Ја изнервира: Џон Траволта и „упадна“ на Скарлет, додека таа позираше

Дали е ова најчудниот момент на црвениот килим, на овогодинешните Оскари?
Судејќи по фотографиите, актерката не е многу воодушена од неговиот гест.

Скарлет Јохансон позираше на црвениот килим пред почетокот на Оскарите, и додека стоеше во зелениот фустан, се појави Џон Траволта и ја бакна во образ.

На момент изгледаше како Скарлет да се чувствува непријатно поради бакнежот на Траволта. Го погледна и со ништо не му даде до знаење дека и е драго за неговиот „упад“.

Многумина се прашуваа дали Траволта и годинава ќе направи некој гаф, откако на минатогодишното издание на Оскарите никако не можеше да го изговори името Идина Мензел.

s1 s2 s3

- Реклама -