32-метарска јахта потона на Миконос (видео)

Тажна глетка за љубителите на јахтите, но прекрасно шоу за завидливците и сеирџиите – луксузната јахта „Алоха“ им кажа „алоха“ на своите сопственици и потона на дното на морето во близина на грчкиот остров Миконос. Заедно со неа и 11.2 милиони долари, на колку што е проценета 32-метарската наутичка убавица.

Четворицата патници поминале без повреди, што делумно се должи и на брзата интервенција на крајбрежните служби, но разбирливо, не биле многу среќни додека гледале како јахтата беспомошно тоне пред нивните очи.

Неофицијални извори велат дека јахтата потонала откако дошло до дефект на електричната инсталација, други шпекулираат дека јахтата удрила во гребен.

ПРЕД:

ПОСЛЕ:


- Реклама -