Ликот на Путин се појави на американското небо

До скоро, Исус беше тој што имаше навика да продефилира насекаде пред очите на Американците – на небото, на пресечените дрва, на тост-лепчињата, во ве-це шолјите и на други места каде што публиката не чула за пареидолија. Но, изгледа е време за нови лица „на сцената“, еве да речеме – Путин.

Снимката е направена од Шерил Гилберт, додека се возела со отворен автобус во Њујорк. Според раскажувањата на очевидците, јатото птици што летало во близина почнало чудно да се однесува, кога одеднаш мистеријата се комплетирала, а на небото се појавил ликот на рускиот претседател.

Едни велат дека е монтажа, други сметаат дека се работи за завера, трети сметаат дека ова е предзнак за лоши времиња за Америка. Прашаните птици, од друга страна, појма немаат зошто нивниот лет предизвикал толку внимание, и тоа веројатно затоа што немаат природна склоност да гледаат човечки лица и таму кај што не им е местото.

- Реклама -