Ќе останете без здив: Освежувачки чизкејк од кајсии и бело чоколадо

Доволно е само еднаш да го пробате, и ќе биде вашето омилено летно задоволство.

Состојки: 200 г. бисквити, 50 г. стопен путер, 7 зрели кајсии, 2 листови желатин, 300 г. бело чоколадо, 300 мл. слатка павлака, 250 г. крем сирење, 85 г. шеќер

Подготовка: Искршете ги бисквитите на парчиња. Округлеста тепсија од 20см. намачкајте ја со малку путер. Остатокот од путерот, додадете го во бисквитите. Сипете ја смесата во подмачканата тепсија и израмнете. Оставете да отстои додека го подготвувате филот.

Потоа, исецкајте ги кајсиите на мали коцки. Желатинот ставете го во чинија, прекријте го со студена вода, па оставете 10 минути да омекне. Искршете го чоколадото и ставете го во тенџерче со 100 мл. слатка павлака, па стопете го на пареа. Исцедете ја водата од желатинот, па додадете го во растопеното чоколадо. Тргнете го од оган и мешајте додека не се соедини. Добро изматете ги шеќерот и крем сирот, посебно изматете го остатокот од слатката павлака, па соединете ги двете смеси.

На крајот, соединете го и чоколадниот фил, па во смесата додадете ги исецканите кајсии. Ставете во подготвената тепсија со бисквити, па оставете да се олади најмалку четири часа.

По желба, украсете со кајсии, посипете ги со две лажици шеќер или изрендајте малку бело чоколадо.

- Реклама -