Елегантни, рачно изработени слики од хартија

Сликарката Јулија Бродскаја ( Yulia Brodskaya ) од Москва стекнува слава со своите рачно изработени  слики од хартија . Таа сака различни креативни практики како колажи и оригами , а истовремено е голем почитувач и на традиционалната ликовна уметност.

Во 2004 година Јулија заминува за Велика Британија, каде што и магистрира на Графички комуникации на Универзитетот Хертфордшир. Таа продолжува да експериментира и да истражува интересни начини за обединување на различни материјали за изработка на оригиналните дела. Јулија брзо ја стекна довербата на големи клиенти како Нокиа и Старбакс, за кои изготвува работни проекти за различни кампањи.

Да ги погледнеме нејзините прецизни слики напарвени од нејзиниот омилен материјал – хартијата.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

- Реклама -