Евтини актерски трикови кои секогаш ги мамат критичарите

Кога некој актер сака да се докаже и во областа што се нарекува сериозен филм и сака да го направи тоа релативно брзо, тогаш треба да се придржува кон рецептите (евтините трикови) со кои инстантно се измамуваат критичарите и речиси секогаш се доаѓа до целта – Оскар!

Кога некој актер сака да се докаже и во областа што се нарекува сериозен филм и сака да го направи тоа релативно брзо, тогаш треба да се придржува кон рецептите (евтините трикови) со кои инстантно се измамуваат критичарите и речиси секогаш се доаѓа до целта – Оскар!

uglyheader 

Физичка трансформација

Актерите прават екстремна физичка трансформација (се здебелуваат или ослабуваат) за да ја шокираат публиката со својата способност за варијација на телесната тежина како професионални борачи и со тоа добиваат на сериозност. Од исти причини, актерките намерно се откажуваат од својата убавина за да одиграат некоја улога, сакајќи да кажат – не сме само убаво лице и тело, има и талент.

Најдобри примери: Шарлиз Терон во „Чудовиште“, Камерон Дијаз во „Да се биде Џон Малкович“, Никол Кидман во „Часовите“, Кристијан Бејл во „Машинистот“, Роберт де Ниро во „Разјарен Бик“ и Бен Кингсли во „Ганди“.

Исклучок од правилото: Мел Гибсон во своето режисерско деби, „Човекот без лице“, на најтешкиот начин дозна дека рецептот кој успева кај актерките, не можете да го примените кај актерите! Грдите мажи, по сè изгледа веќе не се во мода.

comheader 

Комичарите стануваат сериозни

Како што актерките откако ќе станат славни почнуваат да се запрашуваат дали публиката ги сака затоа што имаат талент или само заради нивниот сексапил, така и комичарите се запрашуваат дали смеата е единственото нешто што публиката го бара од нив. Затоа, речиси сите актери комичари кога-тогаш се обидуваат во сериозните води и одат во потрага по Оскарот!

Најдобри примери: Вил Смит во „6 степени на разделба“, Том Хенкс во „Филаделфија“, Адам Сендлер во „Пијани од љубов“, Џејми Фокс во „Која и да е недела“.

Исклучок од правилото: Џим Кери! Иако направи неколку сериозни филмови („Шоуто на Труман“, „Човек на Месечината“, „Маџестик“, „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“) и сите беа прилично добри, критичарите се одлучија потполно да го игнорираат. И наместо нему, Оскарот му го дадоа на Роберто Бењини, што пак нему му даде шанса да го даде оној идиотски говор на церемонијата кој за жал никогаш нема да биде заборавен.

tardheader 

Ретардација

Публиката обожува да гледа актери во улога на ретардирани луѓе. Навивањето за нив во кино салите им дава добро чувство на истите луѓе што во реалноста ги игнорираат и се обидуваат да се држат што е можно подалеку од нив.

Најдобри примери: Дастин Хофман во „Дождовниот човек“, Том Хенкс во „Форест Гамп“, Џоди Фостер во „Нел“, Леонардо ди Каприо во „Што го мачи Гилберт Грејп“.

Исклучок од правилото: Шон Пен играше во филмот „Се викам Сем“. Ја одигра ретардацијата толку добро, што да не го имавте видено претходно, ќе помислевте дека се работи за документарец. И токму тоа изгледа дека е причината што не доби некое позначајно признание. Публиката сака ретардацијата да оди до граница до каде што е симпатична или им дава на луѓето посебни способности, но никогаш не сака да види како вистински живеат тие луѓе.

gayheader 

Кога ништо друго не оди, обидете се со хомосексуалност

Најдобриот рецепт за сериозна улога е контроверзноста. Но, никогаш не смеете да одберете тема која е преконтроверзна па со тоа да загубите дел од публиката. Така, ако направите филм во кој актерот седи во темна соба и 2 часа држи монолог на тема „како Америка ги дискриминира Муслиманите“, додека во аголот робот сексуално искористува дете, тогаш многумина од просечните гледачи (токму оние кои ја создаваат популарноста на актерите) ќе започнат да ве мразат и веќе не ќе можете да правите филмови. Но, затоа, ако одберете тема за која барем половина од гледачите имаа позитивно мислење (иако можеби јавно нема да го кажат), тогаш сте безбедни. Одамна, таква тема беше расизмот, потоа абортусот, а сега е хомосексуалноста.

Најдобар пример: Никој не знаеше која е Хилари Свонк, сè додека не ја одигра улогата на хомосекусалец во филмот „Момчињата не плачат“. За таа улога добила хонорар од само 3000 долари, но по неа, следуваше Оскар и инстант слава!

Исклучок од правилото: Да не се лажеме! Од ова правило нема исклучоци. Овој трик секогаш успева – „Филаделфија“, „Планината Брокбек“, „Милк“….

- Реклама -