Срамно е да се убиваат делфини

 

Светот секоја година се соочува со шокантни фотографии од масовно и ритуално убиство на делфини во Данска за време за матурските забави.

Што е она што го знаеме да овие прекрасни животни? Знаеме дека се кротки, убави и паметни.

Време е да дознаеме многу повеќе, можеби само така ќе ги промениме бизарните убиства на животни од нелогични побуди и луда демонстрација на моќ и традиција.

1. По обука делфините учат стотици зборови на сите човечки јазици

Луѓето не го разбираат единствениот делфински јазик.

2. Се спријателуваат со други животински видови

Ние не сме единствените кои лесно се спријателуваат со кучињата. И делфините и кучињата се познати по своите пријателски квалитети, па не е чудно што постојат случаи во кои пријателството го делат меѓу себе. Исто така, научниците често пати се сведоци на игри помеѓу делфини и китови, па дури и на случаи во кој делфин е посвоен од страна на китови.

3. Им помагаат на повредените делфини

Тие се добри пријатели со другите видови, но никогаш не ги забораваат ниту своите роднини. Во повеќе наврати се забележани како се враќаат на местата каде што имало повредени делфини трудејќи се да им помогнат.

bottlenose-dolphins

4. Знаат да побараат помош

Делфин им пристапил на неколку нуркачи во Хаваи давајќи им до знаење дека му треба нешто. По некое време тие забележале дека тој има проблем со рибарска мрежа. Нивната интелигенција е доволно голема за да побараат помош кога им е потребна.

5. Знаат да подаруваат

Во Австралија се забележани најмалку 23 случаи во кои делфините им носат некакви подароци на луѓето кои им се восхитуваат покрај брегот. Тоа воглавно биле мртви морски животни, но и тоа е некаков подарок.

6. Тие се спасувачи

Има многу приказни за тоа како делфини спасиле луѓе на отворено море, но малку се знае за тоа дека тие се исто толку наклонети и кон другите морски видови.

7. Им помагаат на рибарите

Слично како што некогаш во Дојран рибарите ловеле риба со помош на кормораните, така денеска рибарите во Лагуна, Бразил, ја користат помошта од делфините. Тие ги бркаат рибите накај рибарите, а ним потоа им е многу лесно да го уловат пленот по кој дошле.

Знаат да се забавуваат. Ова е факт кој веќе сите добро го знаете. Тие се добри акробати под и над вода и уживаат да го изведуваат сето тоа, оставајќи впечаток дека го ценат животот и уживаат во сопственото постоење.

dolphinspeaker

 

 

- Реклама -