Некои луѓе постојат само за да го грдат светов и да те нервираат. Ваквиве:
Девојка ти што не знае да си го среди десктопот. Бонус иритира кога ја гледаш дека некако се снаоѓа.
Татко ти што ќе ти проба од сладоледот… СО ПРСТИ!
Сите што стискаат паста како да ја мразат. Нив треба вака да ги стисне некој!
Кој отвара продукти вака бе? Или уште поважно, кој се нафаќа на живот со таков?
Цимерот што вака ги реди патиките.
Сите што од тортата го јадат само најубавото!
Психопатите што вака хаотично пијат апчиња!
Која будала ги враќа лушпите од скршените јајца во таблата во фрижидер? Жена му на момаков што сликал, е таа.
Сите наставници (и дежурни ученици) што вака бришат табла!
Сите што не знаат да исечат кружна торта на еднакви парчиња!
171.249 непрочитани мејлови? Па зошто тогаш имаш мејл адреса, човече!
Веќе ја замислуваме тоалетнава како паѓа на влажниот под во купатилото непосредно откако некој се туширал.
Ако вака се јадело Kit-Kat немало да ги праат како две стапчиња!
Динар веќе да не види!
Паркинг место веќе да не види!
Веројатно сторителот мислел дека ова е најфер варијанта кон колегите, ама тие гарант ќе потврдат: Подобро е да пробаш една крофна што изгледа неодоливо, отколку да пробаш 10 што изгледаат масакрирано!
Кутрата мандарина… Дивјаци.
Ако треба да бираме кој повеќе заслужува да живее: типов или неговите уши – бираме ушите, дефинитивно…