Адор – градчето во кое властите ве праќаат на дремка од 14.00 до 17.00 часот

Го знаете чувството: надвор летото е во полн ек, претопло е да правите било што и само што сте ручале. Иако не поминале многу часови откако се разбудивте, нешто ве тера да склопите око на час-два и да си го дремнете попладнето.

Ако ова ви звучи примамливо, сигурно ќе го засакате Адор, дремливото градче во Валенсија. Звучи како утопија и сцена од фитивна новела, но тамошниот градоначалник Жоан Фаус Виторија  прогласи официјално време за попладневна дремка од 14 до 17 часот, кое ќе важи за целиот град.

Шпанците се познати по нивните „сиести“ (попладневни дремки), но ова е прва официјална одлука што го промовира одморот на средина од денот. На родителите им беше речено да се погрижат нивните деца да се дома во текот на наведените часови, а од луѓето беше побарано да не прават никаква беспотребна врева.

Одлуката на Виторија, пред сé, има за цел да им овозможи одмор на работниците по фармите во текот на најтоплите летни часови. Градските власти очекуваат работодавците да ја прифатат одлуката без противење.

Од друга страна, казната за непочитување на одлуката – ја нема. Прогласувањето на „периодот за дремка“ е само чекор кој градоначалникот очекува дека ќе го следат сите граѓани, сé со цел да го направат Адор (уште) подобро место за живот.

„Многу од луѓето овде работат во околните села, па сосема е вообичаено да се направи долга пауза за ручек, по што најчесто следува сиеста“, вели еден од претставниците на градскиот совет.

- Реклама -