Зошто е пожелно да се јаде со раце?

Јадењето со раце (без прибор) се смета за некултурно и нехигиенско, но има и друга страна на паричката…

Истражувањата покажуваат дека понекогаш е добро да се јаде токму со прсти, а следниве примери се дел од таквите ситуации:

ДЕЛУВА ПРЕВЕНТИВНО НА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2
Луѓето кои јадат брзо се повеќе склони да заболат од дијабетес тип 2. Се чини нелогично, но, храната побрзо ја јадеме со прибор, отколку со раце.. Затоа, послужете се со прстите. Ќе јадете побавно, а со повеќе уживање.

ГО ПОДОБРУВА ВАРЕЊЕТО
Кога ги миете рацете ги отстранувате лошите бактерии, а ги задржувате добрите, кои на тој начин завршуваат во вашиот организам и го помагаат варењето. Исто така, кога телото (прстите) доаѓа во допир со храна, ја пренесува информацијата за температурата и текстурата на храната до мозокот и дигестивниот систем, што пак води кон подобро варење.

СПРЕЧУВА ПРЕЈАДУВАЊЕ И ДЕБЕЛЕЕЊЕ
Кога јадете со раце, имате подобра контрола над тоа колку всушност јадете. Дополнително, кога користите прибор и раката ви е слободна, обично ја користите за некаква друга активност – интернет, телевизија, весник или слично, а кога е таков случај склони сте да изедете повеќе од потребното. А ако пак рацете ви се зафатени со јадење, нема да имате можност да се занесете со количината на храната.

И се разбира, миењето на рацете пред јадење е задолжително.

- Реклама -