Hack.Chat – супер алатка за онлајн разговор, за една употреба

Некогаш ви е потребно набрзина да креирате групен разговор каде што ќе можете да сработите/испланирате/договорите нешто со пријателите и колегите без притоа да морате да се логирате на некоја страна и да се грижите за пасвордите и најавните детали потребни за пристап до вашиот профил.

Hack.chat e решението токму за таквите прилики, а уште подобро е што ништо од она што ќе го напишете не останува зачувано некаде во меморијата на некојси сервер кој е вон ваша контрола (како што е случај со Facebook, Skype, Viber и други).

За да креирате „соба“, се што треба да направите е да отидете на линкот https://hack.chat/?ime-na-soba, со тоа што делот „ime-na-soba“ ќе го замените со свој наслов по желба (на пример, https://hack.chat/?365commk). Сé што треба потоа да направите е да ги известите соговорниците за линкот, било да го споделите или усно, а тие ќе можат да ви се приклучат од било кој пребарувач и компјутер. Никакво преземање на апликации не е потребно. Никаде нема да најдете листа од постоечките разговори, што значи дека имате гарантирана приватност и дискреција, со тоа што каналот не е енкриптиран – гледајте да не ги споделите најтајните и најважните детали од вашиот живот. Сé на сé, Hack.Chat e брза, едноставна и ефикасна алатка за разговор.

- Реклама -