Човештвото и се приближи на планетата Плутон

НАСА објави на Instagram фотографија од планетата Плутон со висок квалитет.
Фотографијата е направена од вселенскиот апарат New Horizons, леталото кое што денеска во 13:50 по централноевропско време, по девет и пол години патување и преминати 5 милијарди километри (4,5 светлосни часа), прелета над Плутон.

Леталото New Horizons леташе покрај Плутон со брзина од 31 илјади милји на час.

Потврдата се очекува за неколку часа, а ќе ја обележи завршницата на турата околу 9 планети.

За многу кратко време, New Horizons ќе собере огромна база на податоци (фотографии и други информации) од Плутон и неговите месечини Харон, Стикс, Никс, Кербер и Хидра.

Не знаеме дали мисијата била успешна – сондата била премногу „зафатена“ за да се „јави дома“, но се очекува да прати потврден сигнал вечерва. Првите фотографии ги очекуваме утревечер.

 

- Реклама -