Турчин живеел десет години без пензија, не можел да докаже дека е жив

Граѓанин од источната турска провинција Ерзурум конечно успеа да докаже дека е жив, откако бил погрешно впишан како мртов во социјалната служба, соопшти турската државна новинска агенција.

Синан Авчи – 46-годишниот маж, на кого му било потребно да се пензионира порано во 2003 година, откако му била дијагностицирана епилепсија, немал можност да добива ниту пензија за стаж, ниту инвалидска, откако бил впишан во регистарот на социјалната служба како мртов.

Авчи, поранешен работник во локалната општина во Ерзурум бил прогласен за мртов, уште од 2004 година. Понатаму тој немал можност и да работи, бидејќи од една страна не постоел формално, а од друга болеста не му дозволувала.

yasadigini-10-yilda-kanitlayabildi-5814302

„ Дознав дека сум болен во 1999 година, но продолжив да работам во текот на 4 години, додека да успеам да се пензионирам како неработоспособен. Ја добивав својата пензија кратко време, до 2004 година. Кога во јануари 2004 година не успеав да си ја повлечам пензијата, добив писмо од социјалната служба, во која ми беше соопштено дека сум мртов. Морав да докажам дека сум жив. Случајот се влечеше повеќе од 10 години и јас не бев способен да ја земам својата пензија за овој период “, вели Авчи пред агенција” Анадолу “.

Познат меѓу жителите на Ерзерум како „Синан – мртвиот“, мажот добивал за време на овие години финансиска помош од роднини и соседи.

Откако по 10-годишната судска битка Авчи конечно успеал да  им докаже на властите дека е жив, сега му се наметнува да се соочи со нови бирократски бариери, обидувајќи се да ги добие своите неплатени пензии и право на заслужената дополнителна пензија за неспособност.

Авчи ги повикува властите да ги испитаат луѓето кои го прогласиле за мртви, пренесува агенцијата.

erzurumlu_olu_sinan_yasadigini_10_yil_sonra_kanitladi_h4170_38a0e

- Реклама -